Врз основа на член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година, членот 31 став (2) точка 10 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11,142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 19.10.2016 година, донесе
ЗАКЛУЧОК
за важење и применување на обрасци за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11-ти декември 2016 година
1) Со овој Заклучок се утврдува дека обрасците за спроведување на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, донесени од Државната изборна комисија и објавени во Службен весник на Република Македонија број 88 од 6 мај 2016 година и на ВЕБ страницата на Државната изборна комисија, се во ВАЖНОСТ и ќе се ПРИМЕНУВААТ и за спроведување на „Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 -ти декември 2016 година”.
2) Овој заклучок влегува во сила со денот на усвојувањето… (повеќе)