Согласно член 196-6 став 10 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) и член 34 од привремениот Деловник на Државната изборна комисија, a no разгледувањето на конечниот извештај за пријавита на граѓаните чии записи во Избирачкиот список се спорни, по завршувањето најавниот увид, Државната изборна комисија на седницата одржана на 13.11.2016 година го донесе следниот

ЗАКЛУЧОК
за усвојување на извештајот за пријавите на граѓаните чии записи во Избирачкиот список
се спорни по завршување на јавниот увид

1. Согласно член 196-6 став 10 од Изборниот законик, a no спроведениот јавен увид Државната изборна комисија утврди дека дополнителната можност за пријавување во текот на спроведувањето на јавниот увид ја искористиле вкупио 1.517 грагани чии записи по спроведените статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции и теренски проверки беа утврдени како спорни, односно чие несовпаѓање на нивните податоци беа предмет на проверка во Избирачкиот список.

Овие 1.517 граѓани ќе бидат запишани во Избирачкиот список.

2. Државната изборна комисија утврди дека по спроведениот јавен увид како дополнителна можност за пријавување дадена со член 196-6 став 10 од Изборниот законик, како спорни остануваат записите на 28.341 граѓани.

3. Согласно член 196-6 став 8 од Изборниот законик лицата од точка 2 на овој заклучок за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11.12.2016 година не се запишуваат во Избирачкиот список… (повеќе)

Skip to content