Врз основа на член 31 став 2 точка 2 во врска со член 196-6 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) , Државната изборна комисија на седницата одржана на 28.11.2016 година, го донесе следниот:

ЗАКЛУЧОК

1. Се пушта во употреба апликацијата за електронско пријавување на 29 858 граѓани на Република Македонија, чии записи во избирачкиот список по спроведените теренски и админситративни проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците на граѓаните предмет на проверки во избирачкиот список, а кои не се пријавија во периодот од 26 јули до 19 август 2016 година.

2. Апликацијата ќе биде ставена во употреба за време на јавниот увид односно од 28.10.2016 до 11.11.2016 година… (повеќе)

Skip to content