Согласно член 31 став 2 точка 40 од Изборниот законик (Службен веоник на Република Македонија бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), и член 34 од привремениот Деловник на Државната изборна комисија, Државната изборна комисија на седницата одржана на 08.11.2016 година донесе
ЗАКЛУЧОК
за примена на член 38-а став 7 и 8 од Изборниот законик
1. За избирачките одбори во Дипломатско – конзуларните лретставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија за кои една политичка партија на власт, односно една политичка партија во опозиција нема да предложат свои каидидати за членови и заменици членови на избирачките одбори, нивните места се пополнуваат со предлози за кандидати од другата политичка партија на власт, односно од другата политичка партија во опозиција.
Доколку и другата политичка партија иа власт, односно и другата политичка партија во опозиција не предложат свои кандидати, членовите и замениците членови на избирачките одбори се избираат од редот на јавните службеници по пат на случаен избор.
2. За избирачките одбори во Дипломатско – конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија за кои ниту една политичка партија не предложила свои кандидати за членови и иивни заменици, членовите и замениците членови за тие избирачки одбори се избираат од редот на јавните службеници по пат на случаен избор… (повеќе)