Стручната служба на Државната изборна комисија присуствуваше на еднодневна обука „ Информираност за сајбер – хигиена“ која се одржа на 24, 25 и 26 октомври 2023г. во организација на Меѓународната фондација за изборни системи ( ИФЕС).
На обуката вработените во ДИК се запознаа со техниките на подобрување на сајбер – хигиената и оддржување на сајбер безбедноста како и се стекнаа со знаења за обезбедување на комуникациите и коресподенцијата, обезбедување на корисничките сметки, креирање на безбедна организациска политика.
Оваа обука е дел од тековната соработка на Државната изборна комисија со ИФЕС со цел унапредување на практичните знаења и вештини на стручниот кадар на ДИК на централно и подрачно ниво.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА