УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ПРВАТА ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ ЗА ИЗБОРИ
Во рамките на подготовките за претстојните парламентарни изборни, Државната изборна комисија успешно ја заврши првата Обука за обучувачи за избори.
На тридневната обука, која од 14 до 16 септември се одржа во Дојран, учесници беа 17 професионалци од редот на изборната администрација. Во текот на обуката тие се стекнаа со знаења и вештини за техниките на обучување, како и за изборниот процес во Република Македонија.
Овој новоформиран тим на обучувачи ќе учествува во спроведувањето на програмата за каскадни обуки на изборните органи, развиена од Државната изборна комисија за прв пат. Првата активност во која ќе бидат вклучени се работилниците за планирање наменети за општинските изборни комисии, а кои се планирани да се одржат кон крајот на септември.
Во организацијата на оваа обука, Државната изборна комисија беше поддржана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).