Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 19.10.2016 година, донесе
УПАТСТВО
за важечки и неважечки гласачки ливчиња
1) Гласачкото ливче е важечко ако е во согласност со член 110 од Изборниот законик.
2) За важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачот гласал.
3) Гласачкото ливче е неважечко ако не е пополнето или има заокружено повеќе листи на кандидати или кандидат
1. При утврдувањето на тоа што претставува „сигурен и недвосмислен начин,, треба да се појде од тоа на кој начин е пополнето гласачкото ливче, односно дека избирачот со заокружување јасно ја изразил волјата дека гласал само за една листа на кандидати или кандидат.
2. Сигурен и недвосмислен начин на изразување на волјата на избирачите би претставувало гласачко ливче на кое избирачот, наместо редниот број пред подносителот на листата, го заокружил името и презимето на носителот на листата или симболот на подносителот на листата.
3. Гласачкото ливче е неважечко доколку не е пополнето на начин предвиден со Изборниот законик, ако е прецртано делумно или целосно, ако се заокружени повеќе листи на кандидати, ако бројот на гласачкото ливче не е соодветен на бројот на гласачкото место каде се гласа, или ако гласачкото ливче нема печат на предната страна… (повеќе)