Рекламни паноа и билборди
Член 1
Општините во Република Македонија, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди.
Член 2
Локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди се доставуваат и до Државната изборна комисија со цел спроведување на ждрепката,
Член 3
Максималниот број на рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите.
Член 4
Политичките партии имаат право на закуп за политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди на транспарентен и недискриминаторски начин согласно со следните критериуми:
– 40% од вкупниот број се достапни на партиите на власта;
– 40% од вкупниот број се достапни на партиите во опозицијата во Собранието на Република Македонија;
– 10% од вкупниот број се достапни на парламентарните партии кои немаат пратенички групи во Собранието на Република Македонија и
– 10% од вкупниот број се достапни на вонпарламентарните партии во Република Македонија… (повеќе)