УПАТСТВО
за начинот на именување на членови на избирачките одбори по предлог на политичките партии
за Локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври 2017 година

Право да предлагаат членови и нивни заменици во избирачките одбори имаат политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и политичките партии на-власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, и тоа:

еден член и неговиот заменик се именува на предлог на политичките партии во опозиција и еден член и неговиот заменик се именува на предлог на политичките партии на власт.

Политичките партии во опозиција можат да достават до општинските изборни комисии, усогласен предлог за член и негов заменик во избирачките одбори. Истото тоа може да го направат и политичките партии на власт.

Во таков случај, општинската изборна комисија е должна целосно да ги прифати единствените, усогласени предлози од политичките партии во опозиција и од политичките партии на власт.

Кога политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови или кога политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, немаат усогласен став во однос на тоа од која партија ќе биде именуван членот а од која неговиот заменик во избирачките одбори, ќе се применува правилото пар – непар, на следниот начин:…(повеќе)

Skip to content