Во седишето на Државната изборна комисија се одржа средба помеѓу членовите на Комисијата и членовите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ ОДИХР, по повод завршувањето на првиот изборен круг од Изборите за Претседател на Република Северна Македонија 2019 година.
На средбата се диксутираше за спроведувањето на целокупниот изборен процес, преземените дејствија од страна на Државната изборна комисија, за да се овозможи фер и демократски процес, како и за спроведувањето на гласањето на самиот ден на Изборите, 21.4.2019 година.
Предмет на дискусијата беше и Изјавата за прелиминарни наоди и заклучоци, изработена од страна на Меѓународната мисија за набљудување на изборите. Државната изборна комисија одговори на сите прашања и забелешки од страна на членовите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ ОДИХР.
Во однос на некои забелешки и предизвици на кои што треба да се одговори во иднина, првиот круг од овие Избори е оценет како мирен, уреден и транспарентен.
Двете страни очекуваат вториот изборен круг да биде спроведен во фер и демократска атмосфера, а за успешноста на целокупниот процес соработката и транспарентноста помеѓу двете страни продолжува и во иднина.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА