Државната изборна комисија, предводена од претседателот Александар Даштевски, на 18 февруари оствари работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На средбата се разговараше околу измените на Изборниот законик, за воведување на отпечаток од прст во изборниот процес. Од страна на претставниците на ДИК беше побарана поддршка од МВР за достапност на одредени лични податоци на граѓаните кои ќе учествуваат во изборниот процес, во насока на спроведување беспрекорни фер и демократски избори со целосен легалитет и легитимитет на изборниот процес.

Двете страни ја потенцираа потребата од формирање заедничка работна група, која ќе ги реши сите дилеми и разлики во текот на постапката, но и нужноста од генерална стратегија за сајбер безбедност, и се согласија околу потребата од законски измени со кои би се утврдил начинот на користење на отпечатокот од прст во текот на изборниот процес.

    
Skip to content