
Државната изборна комисија ја информира јавноста дека денеска (25.04.2025 година) оствари средба со Делегацијата- Комитетот за почитување на обврските и заложбите од страна на земјите членки Советот на Европа- Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, на Република Северна Македонија, составена од г-ѓа Сибел Арслан,од Швајцарија – Група на Социјалисти, Демократи и Зелени, г. Џозеф О’Рајли, од Ирска, Група на Европска народна партија, и Агњешка Шклана, секретар на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Претставниците на Делегацијата беа информирани за тековните активности и подготовки на ДИК за организирање на претстојните локални избори 2025 година.
Претставниците на Делегацијата, исто така беа известени дека ДИК, навремено ги превзема сите активности во рамки на нејзините надлежности и во соработка со останатите надлежни институции околу организирањето на претстојните локални избори 2025 година, како и дека ДИК активно ќе се вклучи со свои предлози за измена на изборниот законик.
Претставниците на Делегацијата изразија задоволство од досегашната работа на ДИК за досега спроведените избори, и и посакаа успех на Комисијата за успешно спроведување на претстојните локални избори.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА