Државната изборна комисија ја информира јавноста за вчерашната одржана средба на претседателот на ДИК, Борис Кондарко, со Ванеса Бордо Фланес, соработник за односи со јавноста од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Кели Р.Мекејлеб, политички службеник од Амбасадата на САД,  и  Ејми Коен, извршен директор на Национална асоцијација на државни изборни директори на САД.

На средбата беа разменети искуства и впечатоци од набљудувањето на претседателските избори во САД,  од страна на делегацијата на ДИК присутна на изборите во САД.

Претставниците беа информирани за тековните активности, заложби и законски надлежности на ДИК за натамошно работење и унапредување на изборните процеси. ДИК изразува благодарност за досегашната успешна соработка и за можноста за размена на искуства кои придонесуваат зајакнување на демократските стандарди.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content