[ux_image id=”14013″ drop_shadow=”1″ link=”http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2017/08/Sredba-so-EU-2.jpg” ]

 

Државната изборна комисија денеска оствари средба со преставници од Европскиот Парламент и ЕУ делегацијата. На средбата гостите ја нагласија поддршката кон работата на ДИК во нејзините заложби за организирање и спроведување на локалните избори 2017 година.

Во текот на средбата  преставниците од Европскиот Парламент и ЕУ делегацијата се интересираа за повеќе прашања во доменот и надлежностите на ДИК, во делот на имплементација на препораките на ОДИХР и ОБСЕ, како и за начинот на ажурирање на податоците во Избирачкиот список.

Од страна на ДИК, беше истакнато  дека комисијата била во постојана соработка со сите релевантни институции.  Гостите беа информирани дека Избирачкиот список веќе е на јавен увид на официјалната страна на Државната изборна комисија и во сите општини односно подрачни одделенија и канцеларии на ДИК.

ДИК, исто така, информираше за преземените активности во нејзината надлежност а кои се дел од планот  3-6-9 од Влада на Република Македонија и во согласност со Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2017-2020 година.

Беше подвлечено дека ДИК, од нејзиното формирање, посветено и одговорно работи, во рамките на своите надлежности, во зголемување на довербата во процесот на организирање на  изборниот процес, кај сите клучни актери.

 

Skip to content