На координативната средба помеѓу д-р Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Национален ИПА координатор, која се одржа во просториите на Државната изборна комисија, се дискутираше за мерките и активностите кои се преземаат за непречено спроведување на Изборите за Претседател на Република Северна Македонија, 2019 година.

На средбата д-р Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Национален ИПА координатор, покажа особен интерес за административно – техничките капацитети и потребите на Државната изборна комисија, со цел да се пресретнат и надминат сите евентуални проблеми или недостатци, за конечна позитивна слика на целокупниот изборен процес.

Двете страни ја нагласија важноста овие Избори да се спроведат во фер и демократска атмосфера, согласно позитивните законски прописи и меѓународното законодавство, кои ќе претставуваат важен индикатор и предуслов во напредокот на имплементацијата на Итните реформски приоритети, односно спроведување на Листата на приоритети од Планот 18 во делот на Изборите за испорачување на резултати кои ќе донесат позитивна оценка во извештајот на Европската комисија.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content