Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.
Приговорите за постапката за гласање можат да се поднесуваат најдоцна до денеска, 17 октомври, до 19 часот.
Со оглед дека општинските изборни комисии ги објавуваат првичните резултати од изборите во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори, рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува ноќва во 2 часот по полноќ.