На 5 и 6 април оваа година, претставници на Државната изборна комисија учествуваа на дводневна Конференција за интегритет на изборите во новата информатичка средина.

Настанот беше во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), во партнерство со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на проектот „Северна Македонија – активност за поддршка на изборите“ поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID).

Конференцијата имаше за цел да се презентираат и анализираат меѓународни практики во областа на политичкото рекламирање, онлајн медиумите, социјалните и традиционалните медиуми, дезинформациите и улогата на регулаторните тела. Во текот на првиот ден од конференцијата се одржа и презентација на наодите од истражувањето и анализата на медиумите и изборите. Говорници на панел дискусиите беа реномирани меѓународни и домашни експерти. Во текот на вториот ден тема на дискусија беше начинот на финансирање на изборните кампањи на политичките партии и нивна контрола.

Конференцијата овозможи размена на мислење и искуства со членови на високи тела и стручни организации, како Европскиот парламент, Европската платформа на регулаторни тела (EPRA), Европската регулаторна група за аудиовизуелни медиумски услуги (ERGA), Комитетот на експерти на Советот на Европа за медиумска средина и реформи, AGCOM – Италијанско регулаторно тело за комуникации, Авторитетот на аудиовизуелни медиуми на Албанија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државна комисија за спречување на корупција, политички партии и други.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content