На 03.06.2022 година Државната изборна комисија ја одржа 53та Седница на која го усвои Финансискиот извештај за реализирани средства за спроведените избори за градоначалник на Општина Центар Жупа каде во постапката за организирање и спроведување на Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа има потрошено 14,7 % од одобрените буџетски сретства кои беа наменети за организирање и спроведување на Изборите за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и градоначалник на општина Центар Жупа.   

Државната изборна комисија истотака го усвои Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Државната изборна комисија согласно усвоениот Родовиот акциски план 2021-2024 во насока на подобрување и унапредување на родовата еднаквост во институцијата и стручната служба со тоа што е предвидено работно место на Државен службеник за унапредување на родова еднаквост и спроведување на обуки и тренинг центар. Како единствена од институциите која има донесено Родов акциски план  има за цел подобрување и унапредување на родовата еднаквост и застапеност, подигнување на свеста за родовите прашања и интегрирање на родовите аспекти во внатрешното функционирање и изборните активности на Државната изборна комисија.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content