Државната изборна комисија на ден 10 февруари 2021 година, со почеток во 13:00 часот ја одржа втората седница, во која присуствуваа Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, членовите на ДИК, Радица Ристеска, Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.
На седницата се расправаше по следните точки од дневниот ред:
Разгледување и усвојување на записникот од 1-та седнца на ДИК;
Предлог-Одлука за формирање на работна група за изготвување на ИКТ Стратегија на Државната изборна комисија за 2021-2023 година, и
Разно.
Записникот од 1-та седница на ДИК и Одлуката за формирање на работна група за изготвување на ИКТ Стратегија на Државната изборна комисија за 2021-2023 година, беа усвоени едногласно од Комисијата.
Под точката Разно, Комисијата, дискутираше за ажурирањето на Избирачкиот список, односноза објавувањето на последна состојба на Избирачкиот список, четри пати годишно, како обврска која произлегува од Изборниот законик и потребата за информирање на јавноста преку кампања за проверка на податоците во истиот.
Исто така беше дискутирано и за барањето на ДИК до Министерството за финансии за дообезбедување на средства за набавка на фингерпринт апарати.
Документите од точките 1 и 2 од дневниот се објавени на веб страницата на ДИК www.sec.mk додека детални информации за седницата можат да се најдат на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=vdJjqrg-m4A
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА