Државната изборна комисија ги известува граѓаните кои во законски определениот рок се пријавија за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во:
1. Токио,
2. Њу Делхи,
3. Атина,
4. Астана,
5. Каиро,
6. Киев,
7. Талин и
8. Тел Авив
дека на овие избирачки места бројот на пријавени граѓани е помал од 10. Согласно Изборниот законик во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии нема да се спроведе гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието иа Република Македонија закажани за 11.12.2016 година.
Граѓаните кои се пријавиле за гласање во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии, своето право на глас ќе можат да го реализираат на нивните избирачки места според адресните податоци во Република Македонија.