Државната изборна комисија Ве информира дека сеуште се врши прием на материјалот од општинските изборни комисии и при тоа рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр.16) , како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати.
Неофицијалните конечни резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница на Државната изборна комисија, за која благовремено ќе Ве известуваме..