Државната изборна комисија, од 26-ти мај (четврток) 2016 година, го објавува Избирачкиот список на својата веб страна со следните податоци: име, презиме и адреса на избирачите.
При тоа, секој граѓанин има право да поднесе барање до Државната изборна комисија, да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини.
Барањето може да се достави во архивата на Државната изборна комисија, секој работен ден во периодот 08:30 – 16:30 часот или на следната електронска адреса: izbori<at>sec.mk.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР
ДОБРЕ ЈАНЧЕВ