Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко и потпретседателот Абдуш Демири учествуваа на Презентација и дискусија за посебните извештаи за претседателските и парламентарните избори 2024 во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата со подршка на Националниот демократски институт. Извештаите се изготвени во рамки на надлежностите и активностите на ДКСК за следење на изборите а со подршка на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, Здружението за истражувања и анализи и Националната фондација за демократија НЕД, од САД.
На настанот беа присутни претставници на АВМУ, Државниот завод за ревизија, претставници на политичките партии, невладиниот сектор и медиумите и на истиот претседателката на ДКСК Татјана Димитровска и членот Цвета Ристовска ги презентираа наодите за утврдени системски слабости и дадоа свое согледување во рамки на нивните законски овластувања за следење на состојбите при донесување и измената на законите од аспект на оценката на ризиците од корупција.
„ДИК смета дека доколку остане државното финансирање не е соодветно начинот и процедурата на исплата на медиумите да се спроведува преку ДИК бидејќи се работи за облигационо- правни односи и комерцијални договори меѓу политичките партии и приватните медиуми. Додека, за прашањето дали и во која би останало државното финансирање на политичкото рекламирање, надлежни се да одлучуваат политичките партии со консензус во Собранието“ – истакна претседателот Кондарко.
На дискусијата, претставниците на надлежните институции, секоја од аспект на своите законски ингеренции дискутираа во правец на изнаоѓање на решенија за надминување и подобрување на законската регулатива во во поглед на моделите, формата, начинот и контролата на финансирањето и зголемување на траспарентноста што понатаму треба да се земат предвид при отварање на процесот за измена на Изборниот закон од страна на работната група во Министерството за правда каде ќе се разгледуваат сите препораки од конечниот Извештај од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите 2024.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА