Правната служба на Државната изборна комисија, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 12 и 13 октомври 2016 година оствари дводневна посета за размена на искуства со Централната изборна комисија на Косово (ЦИК).

Со членовите и секретарот на ЦИК, како и со шефовите на правниот, оперативниот и одделот за информатичка технологија, тие разговараа за различните можности при постапувањето по приговори за време на избори, како и за воспоставување на процедури и стандарди за истите.

Правната служба на ДИК оствари средба и со независниот Панел за изборни жалби и претставки, чија цел е да обезбеди професионално, непристрасно и навремено разрешување на изборните спорови, осигурувајќи ја заштитата на правата на сите учесници во изборниот процес.

 

Skip to content