Во рамките на подготовките за претстојните парламентарни избори, Државната изборна комисија организира и спроведува регионални работилници за општинските изборни комисии.
Целта на работилниците е секоја општинска изборна комисија да изготви план на активностите, со временска рамка, рокови, како и одговорни лица за извршување на истите.
Спроведувањето на работилниците е во тек, а заклучно со 30 септември ќе се спроведат вкупно 14 регионални работилници, и тоа четири во Скопје, две во Штип, и по една во Струмица, Богданци, Прилеп, Битола, Охрид, Куманово, Тетово и Гостивар. Работилниците ги спроведуваат обучувачи на Државната изборна комисија.