ПРИНЦИПИ НА РАБОТА

Уставност и законитост во работењето

Во своето работење ДИК се раководи единствено според уставот и законите на Република Македонија како и подзаконските акти, упатства и изборниот законик. При својата работа ДИК ги применува меѓународните конвенции и добри изборни практики.

Транспарентност и јавност

Работата на ДИК е транспарентна и отворена кон јавноста.

ДИК ги користи сите средствава за информирање на јавноста, граѓаните и учесниците во изборниот процес интернет страната, социјалните медиуми кои постојат и ќе се појавуваат во иднина, медиумите и директна комуникација кога е тоа соодветно.

Извештаите од работата на ДИК се доставуваат до Собранието на РМ (надлежните органи) и во најкус можен рок се објавуваат на интернет страницата.

Независност, непристрасност и одговорност

Членовите на ДИК и вработените дејствуваме независно од било кој центар на моќ, одлучуваме непристрасно и согласно утврдените факти, одговорно ги спроведуваме сите активности неопходни за спроведување на изборната постапка.

Постојано подобрување и унапредување на работата – следење на принципот на Изборен циклус

Дик е посветен на постигнување (совршенство) највисоки можни стандарди при раководењето и управувањето со изборниот процес. При тоа ги следиме меѓународните добри практики и признаени стандарди. Постојано вршиме само-евалуирање, затоа што сакаме постојано да ја унапредуваме нашата работа и секој нареден изборен циклус да биде подобар од претходниот. Притоа ја зголемуваме ефикасноста, ја спроведуваме работата со помалку напор, и ја зголемуваме ефективноста со што ги намалуваме трошоците за својата работа.

Skip to content