УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Димитрула Апостоловска – претседател на советот, Бурим Сејдини и Валентина Конеска – членови на советот, со записничар Ивана Смугреска Петрески – виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот Државна изборна комисија, поднесена преку застапник по закон Државно правобранителство на Република Македонија-Скопје, против Привремено решение на Дирекцијата за заштита на лични податоци УП1 бр.10-83 од 29.03.2016 година, за избори, на седницата на советот одржана на ден 05.05.2016 година, донесе:
ПРЕСУДА
Тужбата на тужителот Државна изборна комисија, поднесена преку застапник по закон Државно правобранителство на Република Македонија, СЕ УВАЖУВА.
Привременото решение на Дирекцијата за заштита на лични податоци УП 1 бр. 10-83 од 29.03.2016 година, СЕ ПОНИШТУВА…. (повеќе)