Врз основа на член 31 став 2, точка 37 од Изборниот законик на Република Македонија, („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), а во врска со примената на член 31 став 2 точки 28а, 28г, 30, и 35, став 4, став 7, член 37 став 2 точка 17, член 69-а став 3, член 147, член 148, член 149, член 149-а, член 150 и член 151 од Изборниот ззконик на Република Македонија, Државната изборна комисија на седницата одржана на ден 03.11.2016 година донесе

 

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој Правилник се пропишува начинот и постапката по приговор за наводното прекршување на правилата за изборната кампања од член 69-а, за заштита на избирачкото право на подносителите на листите од член 148 и на избирачите од член 149 и 149-а, во врска со член 147 и за поништување и повторување на гласањето од член 151 од Изборниот Законик.

Член 2

Целта на Правилникот е да се:

– обезбеди независно, непристрасно и правично разгледување и одлучување во предметите поврзани со избори;

– уреди формата и содржината на приговорот и да се појасни начинот на поднесување на приговор до Државната изборна комисија;

– уреди постапката за регистрирање на приговорите, начинот на проверка на доказите, увидот во избирачкиот материјал, известувањето на засегнатите страни и на јавноста, процедурите за анализа и одлучување по приговорите, поништување и повторување на гласањето;

– уреди постапката за оперативно следење на приговорите и пристапот до дата базата на податоци;… (повеќе)

Skip to content