Собирањето на потписи започнува десетиот ден од денот на распишувањето на изборите и трае 15 дена.

Собирањето на потписи започнува на 23 февруари и трае до 08 март до 24:00 часот.

За време на собирањето на потписите Подрачните одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија, ќе работат секој ден во наведениот период,  непрекинато во периодот од 08:00 часот до 20:00 часот и последниот ден, односно 08 март до 24:00 часот.

Иницијативата за собирање на потписи за подршка на поднесена листа на кандидат за Претседател на Републиката и за поднесена листа на кандидати за пратеници кога поднесената листа е од ,,група избирачи,, се поведува со поднесување на  Известување и Изјава (https://drive.google.com/file/d/1QpAHy23Hpuja0Ndt_gp3PWbrJk_LRwMY/view) до Државната изборна комисија, од страна на предложениот кандидат односно лице овластено од негова страна со генерално овластување заверено на нотар.

Генералното овластувањето што го дава кандидатот за кој се собираат потписи се однесува и за  поднесувањето на известувањето и изјавата до ДИК како и на доставувањето на соодветните обрасци до подрачните оделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, увид во дадените потписи за листата на кандидат за која се овластени и подигнување на образецот со собраните потписи.

Овластеното лице од страна на подносителот на иницијативата, може да овласти друго лице  за секое подрачно одделение и канцеларија на Државната изборна комисја во негово име да ги изврши горе наведените активности со посебни овлстувања. Овластувањата е потребно да бидат заверени на нотар, оригиналот од овластувањето се доставува до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, копијата ја задржува подносителот.

 Во известувањето се наведува дека ќе се собираат потписи за подршка  и се наведува во кои подрачни одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија и нотари, потписите ќе се собираат.

Подрачни одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија ( https://www.sec.mk/kontakti/ )

Подрачно одделение Гевгелија, надлежно за општина Гевгелија, Дојран и општина Богданци

Канцеларија Валандово надлежно за општина Валандово.

Подрачно одделение Кичево, надлежно за општина Кичево.

Канцеларија Македонски Брод надлежно за општина Македонски Брод и Пласница.

Подрачно одделение Кочани, надлежно за општина Кочани, Чешиново – Облешево и општина Зрновци

Канцеларија Виница надлежно за општина  Виница.

Подрачно одделение Берово, надлежно за општина Берово и Пехчево

Канцеларија Делчево  надлежно за општина  Делчево.и Македонска Каменица.

Подрачно одделение Охрид, надлежно за општина Охрид и Дебарца.

Подрачно одделение Струга, надлежно за општина Струга и Вевчани

Канцеларија Дебар  надлежно за општина  Дебар и Центар Жупа.

Подрачно одделение Струмица, надлежно за општина Струмица, Ново Село, Василево и Босилово.

Канцеларија Радовиш  надлежно за општина  Радовиш и Конче.

Подрачно одделение Велес, надлежно за општина Велес , Чашка и Градско.

Канцеларија Кавадарци  надлежно за општина  Кавадарци и Росоман.

Канцеларија Неготино  надлежно за општина  Неготино и Демир Капија.

Подрачно одделение Штип, надлежно за општина Штип  и Карбинци

Канцеларија Пробиштип  надлежно за општина  Пробиштип

Канцеларија Свети Николе  надлежно за општина  Свети Николе и Лозово.

Подрачно одделение Битола, надлежно за општина Битола, Новаци  и Могила.

Канцеларија Ресен  надлежно за општина  Ресен.

Канцеларија Демир Хисар  надлежно за општина  Демир Хисар.

Подрачно одделение Гостивар, надлежно за општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуша.

Подрачно одделение Куманово, надлежно за општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Канцеларија Крива Паланка  надлежно за општина  Крива Паланка и Ранковце.

Канцеларија Кратово  надлежно за општина  Кратово.

Подрачно одделение Прилеп, надлежно за општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

Канцеларија Крушево  надлежно за општина  Крушево.

Подрачно одделение Тетово, надлежно за општина Тетово, Теарце, Брвеница, Боговиње, Желино и Јегуновце.

Подрачно одделение Карпош, надлежно за општина Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.

Подрачно одделение Центар, надлежно за општина Центар и Аеродром

Подрачно одделение Чаир, надлежно за општина Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево.

Подрачно одделение Гази Баба, надлежно за општина Гази Баба, Арачиново, Петровец и Илинден.

Подрачно одделение Кисела Вода, надлежно за општина Кисела Вода, Студеничани, Зелениково и Сопиште.

Потписите се собираат на обрасци кои се пропишани од страна на Државна изборна комисија и истите се објавени на интернет страната на Државна изборна комисија https://www.sec.mk/.  во  ,,УЧЕСНИЦИ ВО ИЗБОРИ,, во делот ,, ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024,, односно ,,ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024,,

За собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија предложен од ГРУПА ИЗБИРАЧИ – е oбразец број 1б 

Образец бр. 1b – За собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на РСМ предложен од група избирачи

За собирање на потписи за предлагање на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за листа на кандидати предложена од група избирачи е  Образец број 2 https://docs.google.com/document/d/1jQA0rlJd33CXfbkJ2e1fPdUX3S9EZmxS/edit

Секој подносител на листа на кандидати е должен сам да го изготви образецот.

Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content