Согласно член 31 став 2 точка 28 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) и член 34 од привремениот Деловник иа Државната изборна комисија, Државната изборна комисија на седницата одржана на 17.11.2016 година донесе
ОДЛУКА
за објавување на описите на избирачките места
1 .Олисите на избирачките места се објавуваат на веб страната на Државната изборна комисија.
2. Се задолжува стручната служба да ги објави описите на избирачките места на веб страната на Државната изборна комисија.
3. Се задолжува стручната служба по објавувањето на описите на избирачките места на веб страната на Државната изборна комисија со соопштение преку електронските медиуми да ги информира граѓаните за начинот на објавувањето на истите…(повеќе)