Врз основа на член 31 став 2 точка 44 и член 88 став 1 од Изборниот законик (Сл. весник на Република Македонија бр. 40/2006; 136/2008; 148/2008; 155/2008; 163/2008,44/2011, 51/2011, 142/2012; 31/2013; 34/2013; 14/2014; 30/2014; 196/2015; 35/2016; 97/2016; 99/2016; 136/2016 и 142/2016), а согласно член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број 01-1089/1 од 04.07.2006 година и во врска со Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, број 09-4469/1 од 18.10.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 01.11.2016 година, донесе
0 Д Л У К A
за доделување на средства за тековни трошоци и транспортни трошоци на општинските изборни комисии, за спроведување на предвремени парламентарни избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 11.12.2016 година
1. На 80 општински изборни комисии им се одобруваат финансиски средства во вкупен износ од 334.000 денари, за надомест на тековни трошоци и 1.320.000 денари, за транспортни трошоци.за спроведување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 11 декември 2016 година.
2. Средствата се обезбвдуваат од редовната сметка на Државната изборна комисија, од разделот 02004, од средствата за изборни активности, според следниот преглед…(повеќе)