ПРЕДМЕТ: НАСОКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ
Државната изборна комисија Be известува дека, согласно член 69 став 4 од Изборниот Законик, утврдените единствени листи на кандидати за членови за совет, односно листата на кандидати за градоначалник, општинската изборна комисија ќе ги огласи најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите во сите населени места и на избирачките одбори во општината.
Согласно Роковникот за извршување на изборните дејствија за Локалните избори 2017 година, општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје утврдените еднинствени листи на кандидати за пратеници ќе ги објават на 21 септември (четврток) 2017 година.
Утврдените писти на кандидати во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се објавуваат покрај на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик што го употребуваат граѓаните во таа општина.
Објавувањето на листите да биде без личните податоци на канидатите, односно без нивната адреса и матичен број, туку само со редниот број на подносителот на листата кој го добил согласно спроведената ждрепа за утврдување на редоследот на листи на кандидати, називот на овластениот подносител на листата на кандидати и името и презимето на кандидатот за член на совет или градоначалник.
Сите огласени листи да се достават до кординаторите на вашата општина определени од ДИК и до Генералниот секретар Добре Јанчев.
Во прилог на листите да доставите и копија од личната карта од канидатот за градоначалник од секој подноистел на листа и копија од лична карта од носителот на листата за советници од секој подносител на листа.