ПРЕДМЕТ: НАСОКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ

Почитувани,

Be известувам дека, подносителите на листи на кандидати за градоначалници и членови на советите на општините, листите на кандидати ги доставуваат до ОИК на образец усвоен од Државната изборна комисија.

При тоа, не се мисли на ситуација задолжително да мора да се искуцаат кандидатите на вака преземениот образец од веб страната на Комисијата, туку поднесените листи на кандидати мора да ги содржат сите елементи кои се предвидени на образецот на Државната изборна комисија, како што е:

– за што се поднесува листата (избор на членови на совет или градоначалник)

– за која општина се поднесува листата,

– назив на листата,

– име на подносител на листата,

– листата да содржи онолку кандидати за колку се врши изборот (градоначалник или

членови на совет), со податоци за лицата (име, презиме, лостојано живеалиште и ЕМБГ)

– име презиме, ЕМБГ и потпис на подносителот на листата.

Образецот на Државната изборна комисија не е формулар на кој задолжително мора да се искуцаат имињата и податоците за кандидатите, туку е насока како треба да изгледаат и кои елементи треба да ги имаат поднесените листи.

Доколку поднесените листи до Вашата општинска изборна комиоија ги содржат сите елементи кои се предвидени во образецот на Државната изборна комисија, а при тоа на листата нема лого од Државната изборна комисијата, ова не е неуредност која треба да се исправи во рок од 48 часа.

За ова не треба да давате известување за констатирани неправилности.

Pdf 2Насоки за постапување во врска со образецот на листи на кандидати 15.09.2017 година.pdf

Skip to content