Листа на јавни информации

Со Указ на Претседателот на Република Македонија за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија бр. 07-2948/1 од 02 јули 2004 година (Службен весник на РМ бр. 46/2004) се формира Државната изборна комисија како правно лице.

Адреса:
Свети Кирил и Методиј број 54 (зграда на Нова Македонија – 4 кат)
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Телефон: + 389 2 3244 744

Интернет страница:
www.sec.mk

Електронска пошта:
[email protected]
[email protected]
[email protected]

Овлатени лица за контакт за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер:
  • Ангелчо Ристов – тел. 02 3244 744 и 078 339 250
    Mail:[email protected]
  • Ивана Костадиноска – тел. 02 3244 744 и 078 250 760,
    Mail:[email protected]
 Овластени лица за офицери за заштита на личните податоци:
  • Тања Милошевска – тел. 02 3244 744 и 076 237 573
    Mail:Тanja.М[email protected]
  • Ангела Аврамоска – тел. 076 381 701
    Mail: [email protected]
  Овластено лице за соработка со Секретаријатот за европски прашања:
  • Неда Спасеноска– тел. 02 3244 744 и 075 451 471
    Mail:[email protected]
  Овластено лице за комуникација со граѓани кои што имаат некаков вид и степен на попреченост:
  • Габриела Михајловска – тел. 02 3244 744 и 076 381 729
    Mail: [email protected]
  Овластени лица за имплементирање на системот на интегритет во Државната изборна комисија:
  • Тања Милошевска – тел. 02 3244 744 и 076 237 573Mail: Тanja.М[email protected]
  • Ангела Аврамоска – тел. 076 381 701
    Mail: [email protected]
  Овластени лица за прием на пријави од укажувачи::
  • Ангелчо Ристов, раководител на Одделение за правни работи (правна служба) – тел. 075 488 086Mail: [email protected]
  • Нермина Ѓурѓевиќ, раководител на Одделение за евиденција на избирачкото право и ажурирање на избирачкиот список – тел. 078 451 847
    Mail: [email protected].
    Адреса: ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

НАДЛЕЖНОСТ НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА:

Државната изборна комисија се грижи за законитоста во подготовката и спроведување на изборите во согласност со овој законик и врши надзор над работата на изборните органи.

  • Државната изборна комисија бара податоци од надлежните органи за вработените во државната, општинската и администрацијата на градот Скопје, како и за јавната администрација и го именува составот на општинските изборни комисии и Изборната комисија на градот Скопје;
  • дава упатства, појаснувања и препораки за примената на одредбите на овој законик и други закони кои се однесуваат на прашањата поврзани со изборите;
  • го разрешува секој член на изборен орган во случај на против законско работење;
  • ја контролира законитоста во работата на изборните органи и презема мерки кога е констатирана повреда на законитоста во подготовките, постапката на кандидирањето, спроведувањето и утврдувањето на резултатите на изборите, како и во спроведување на упатствата и препораките дадени од неа;
  • ги потврдува и објавува листите на кандидати за избор на претседател и за избор на пратеници и со ждрепка го утврдува нивниот редослед;
  • со ждрепка го утврдува редоследот на единствената листа на кандидати за членови на совет односно градоначалник.
  • донесува програма и востановува стандарди за задолжителна едукација на сите изборни органи и ја координира истата;
  • врши задолжителна едукација на членовите на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје пред секои избории им издава уверенија на начин и во рокови пропишани со програмата;
  • го пропишува образецот на уверенијата за посетување на обуката на членовите на изборните органи;
  • определува единствени стандарди за изборниот материјал, се грижи за негово обезбедување и го пропишува видот на средството со кој се обележуваат и проверуваат лицата кои гласале (УВ ламби, спреј и графитно перниче);
  • пропишува обрасци за спроведување на изборите и обрасци за собирање на потписи од избирачи и пратеници за предлагање на кандидати и ги објавува во “Службен весник на Република Македонија”;
  • го определува начинот на ракување и чување на изборниот материјал;
  • ги утврдува квалитетот, формата, големината, бојата и сериските броеви на гласачките ливчиња;
  • го организира печатењето на гласачките ливчиња и листите на кандидати и набавка на системот за идентификација на избирачот;
  • го предава, прима и чуваизборниот материјал од и на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје;
  • Го чува изборниот материјал од изборите за претседател на Републиката, за пратеници во Собранието на Република Македонија и референдум на државно ниво.
  • ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право;
  • донесува кодекс за правилата за набљудување на изборите на домашни и странски набљудувачи во согласност со меѓународните стандарди и им обезбедува исправи за идентификација;
  • врши контрола на гласачките места на денот на спроведувањето на изборите каде што се пријавени неправилности при гласањето;
  • ги потврдува со решение усвоените листи на кандидати или ги отфрла доколку не се составени согласно со одредбите на овој законик;
  • донесува правилник со кој се утврдуваат критериумите за начинот и постапката за изборот и разрешувањена претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во изборните органи;
  • ги сумира и утврдува резултатите од гласањето за листите на кандидати на ниво на изборна единица;
  • ги објавува првичните резултати од спроведените избори за претседател на Републиката, за пратеници, за советници и за градоначалник врз основа на податоците од записниците од изборните органи;
  • ги објавува конечните резултати од спроведените избори;
  • издава уверенија на кандидатот избран за претседател на Републиката и кандидатите избрани за пратеници;
  • донесува правилник и упатство за надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација, врз основа на бројот на избирачи, видот, сложеноста како и обемот на работите и времетраењето за нивното извршување;
  • до Собранието поднесува извештај за спроведените избори во рок од 45 дена од денот на објавување на конечните резултатити од изборите на ниво на општина, град Скопје односно изборна единица каде што се врши избороти финансиски преглед и го објавува на својата интернет страница;
  • врши распределба на надоместокот на трошоците на избраните кандидати по доставениот финансиски извештај и го објавува на својата интернет страница;
  • го донесува актот за организација и систематизација на стручната служба на Државната изборна комисија во рамките на која се организира и систематизира правна службаи формира помошни тела;
  • ги објавува во дневниот печат описите на избирачките места;
  • врши евиденција на избирачкото право и се грижи за заштитата на личните податоци на граѓаните содржани во Избирачкиот список;
  • врши проверка на интегритетот на базата на податоци на Избирачкиот список;
  • го потпишува Избирачкиот список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите;
  • остварува контакти со меѓународните асоцијации и организации кои имаат овластување да ги набљудуваат изборите, односно референдум на државно ниво, за прашања во врска со Избирачкиот список;
  • доставува податоци на јавните гласила за бројот на избирачите запишани во потпишаниот Избирачки список, односно изводите;
  • донесува Деловник со кој го уредува начинот на работата и одлучувањето на членовите на Државната изборна комисија;
  • одлучува по приговори врз основа на увид во изборниот материјал и други докази;
  • во соработка со Министерството за внатрешни работи донесува правилник за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите;
  • донесува упатство за решавање по приговори и жалби;
  • го следи започнувањето и завршувањето на изборната кампања и презема мерки предвидени со овој законик;
  • го пропишува образецот за пријава за гласање во ДКПодносно конзуларните канцеларии;
  • ги формира избирачките одбори за гласање во ДКПодносно конзуларните канцелариии избирачки одбор за гласање на членовите на избирачките одбори во ДКП однос конзуларните канцеларии;
  • донесува Упатство за организирање на гласањето на членовите на избирачките одбори во ДКП однос конзуларните канцеларии
  • го предава и го прима изборниот материјал на и од избирачките одбори за гласање во ДКПодносно конзуларните канцеларии, преку Министерството за надворешни работи;
  • ги сумира и утврдува резултатите од гласањето за листата на кандидат за избор на тројца пратеници, по еден од изборната единица за територијата во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија;
  • пополнува и доставува статистички податоци за потребите на Државниот завод за статистика на Република Македонија;
  • јавно ги објавува ценовниците на радиодифузерите и печатените медиуми на својата интернет страница;
  • за своите седници води записници и усвоените записници ги објавува на својата веб страна во рок од 48 часа од денот на усвојувањето
  • врши и други работи утврдени со овој законик.
  • Државната изборна комисија покренува иницијатива за дисциплинска постапка, поведува прекршочна постапка, или поднесува кривична пријава до надлежниот орган, при постоење на основи на сомнение дека е сторена повреда на одредбите на овој законик.
  • Државната изборна комисија во рок од три дена од денот на распишувањето на изборите доставува барање до органот на државната управа надлежен за водење евиденција на државни и јавни службениции надлежните органи за доставување на податоци за вработените во државната и општинската администрација, администрацијата на градот Скопје, како и јавната администрација, систематизирани по општини според адресата на местото на живеење.

ПРОПИСИ:

  • Изборен законик
  • Правилник за систематизација на работните места во стручната служба на Државната изборна комисија
  • Правилник за внатрешна организација и делокруг на работа на стручната служба на Државната изборна комисија и органограм
  • Привремен деловник за работа на Државната изборна комисија
  • Стратешки план на Државна изборна комисија

ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

ОБРАСЦИ:

  • Обрасци за избор на Претседател на РМ
  • Обрасци за избор на пратеници во Собранието на РМ
  • Обрасци за избор на градоначалници и членови на Советите на општините и за избор на градоначалник и членови на Советот на Град Скопје

СЕДНИЦИ НА ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА:

  • Известување и покани за седници (дневен ред)
  • Усвоени записници од седниците на Државната изборна комисија

Барање за пристап до информации од јавен карактер:

  • Образец за барање за пристап до информации од јавен карактер
Skip to content