Врз основа на член 49 став 1 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16,142/16 и 67/17), Државната изборна комисија на седницата одржана на 20 август 2017 година, усвои

ЈАВЕН ПОВИК
за проверка на податоците во Избирачкиот список

Државната изборна комисија ги известува сите граѓани на Република Македонија дека јавниот увид на податоците во Избирачкиот список ќе започне на ден 21 август 2017 година и истиот ќе трае до 9 септември 2017 година.

Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и во дополнително отворените канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа, во време од 08:30 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници. На 09 септември 2017 година јавниот увид ќе трае до 24:00 часот.

Избирачкиот список се става на јавен увид со состојба на податоци на граѓани, и тоа: граѓани со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот на изборите (15 октомври 2017 година),

– умрени лица 30 дена пред денот на распишувањето на изборите (06 Јули 2017 година) и

– други податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите (06 Август 2017 година)…(повеќе)

Skip to content