Се известуваат граѓаните дека доколку при пребарувањето во Избирачкиот список, по ЕМБГ, по име и презиме или по адреса, НЕ СЕ ПРОНАЈДАТ во Избирачкиот список, да се проверат дали се наоѓаат во Листата на граѓани чии што записи во Избирачкиот список останале спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците, а кои согласно член 196-б од Изборниот законик не доставиле пријава до Државната изборна комисија.
Доколку се пронајдат во Листата, а за да го оставарат своето избирачко право на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во декември 2016 година, ќе можат да се пријават при Државаната изборна комисија во текот на Јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае 15 дена.
Државната изборна комисија најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите, Избирачкиот список ќе го стави на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии.
Граѓаните пријавувањето ќе можат да го направат согласно Упатството кое ќе го донесе Државната изборна комисија.