Од утре, 23 февруари 2024 година започнува собирањето на потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.
До сега, до Државната изборна комисија се поднесени вкупно единаесет Изјави за прифаќање на иницијатива за собирање потписи за кандидирање за Претседател на Република Северна Македонија.
Тројца од подносителите на изјавите ќе собираат потписи за кандидатура во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија и пред нотари кои самите ги определиле. Во прилог се достапни листите на нотари каде што ќе се собираат потписите за кандидирање за Претседател на Република Северна Македонија
- Вело Марковски – Листа на нотари
- Билјана Ванковска Цветковска – Листа на нотари
- Стевчо Јакимовски- Листа на нотари
Осум од подносителите, собирањето на потписите за кандидирање за Претседател на Република Северна Македонија ќе го реализираат во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија.
- Томе Николоски
- Бујар Османи
- Господин Попоски
- Максим Димитриевски
- Ѓорѓи Манасков
- Арбен Таравари
- Мерсиха Смаиловиќ
- Зорица Цветковска
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА