ПРЕДМЕТ: Известување за насоки за постапување
Државната изборна комисија на 04 септември 2017 година, постапувајќи по примените дописи од општинските изборни комисии, ги донесе следните насоки за постапување:
1. Општинските изборни комисии да ги прифатат поднесените лични барања за изземање од вршење функција во избирачките одбори, за лицата кои се вработени во:
– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи,
– Министерство за финансии – Царинска управа, само цариници како униформирани лица;
– Министерство за правда – Управа за водење на матични книги;
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – шумска полиција како униформирани лица и
– Вработени во територијална противпожарна единица – пожарникари како униформирани лица.
Откако ќе донесат решение за изземање, општинската изборна комисија доставува известување до Државната изборна комисија за потреба од дополнителен случаен избор.
2. Кога двете политички партии во опозиција односно кога двете политичките партии на власт, имаат доставен посебни листи со предлози за членови и нивни заменици во избирачките одбори, општинската изборна комисија ги формира избирачките одбори согласно Упатството, бр. 08-1679/1 од 22.08.2017 година, за начинот на именување на членови на избирачките одбори по предлог на политичките партии.
3. Кога до општинската изборна комисија, предлози за членови и нивни заменици во избирачките одбори има доставена само една политичка партија од опозица односно само една политичка партија на власт, општинската изборна комисија ги формира избирачките одбори на начин што ги именува за членови и заменици членови, двете лица кои се предложени во листата на политичката партија која доставила предлози.