ПРЕДМЕТ: Известување за насоки за комуникација и координација
Државната изборна комисија на 04 септември 2017 година, со цел ефикасна координација помеѓу Државната изборна комисија и општинските изборни комисии ги донесе следните насоки за комуникација:
1. Општинските изборни комисии се поделени во пет групи, при што за секоја од групите е задолжен посебен тим од страна на вработените во стручната служба, надлежен за комуникација и координација како и спроведување на случајниот избор за претседатели, заменици претседатели, членови и заменици членови во општинските изборни комисии.
Општинските изборни комисии целата своја комуникација ќе ја вршат преку користење на официјалниот меил на нивната комисија ([email protected]) на начин што сите дописи ќе ги праќаат до надлежното лице за својата општинска изборна комисија.
Одговорите од Државната изборна комисија, ќе ги добиваат на официјалниот меил на општинската изборна комисија.
Група 1-1
Надлежно лице: Љугжа Гугучевска, [email protected]. Општински изборни комисии во нејзина надлежност: ЦЕНТАР, КАРПОШ, КИСЕЛА ВОДА, АЕРОДРОМ, ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ГАЗИ БАБА, ЧАИР, САРАЈ, ШУТО ОРИЗАРИ и БУТЕЛ.
Група 1-2
Надлежно лице Бети Ѓорѓеска, [email protected]. Општински изборни комисии во нејзина надлежност: ПЕТРОВЕЦ, ЗЕЛЕНИКОВО, СОПИШТЕ, ИЛИНДЕН, ЧУЧЕР САНДЕВО, СТУДЕНИЧАНИ и АРАЧИНОВО…(повеќе)