Државната изборна комисија постапувајќи по примените барања за изземање од должноста претседател, заменик претседзтел, член или заменик член во општинските изборни комисии врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), дава
ИЗВЕСТУВАЊЕ
1. Барањето, број 08-2987/1 од 08.11.2016 година, за изземање од должноста член во Општинската изборна комисија Шуто Оризари, поднесено од Арјан Ганија, вработена во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, именуван со одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на општинска изборна комисија Шуто Оризари, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија”,број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО.
2. Барањето број 08-2996/1 од 08.11.2016 година, за изземање од должноста претседател на ОИК Пробиштип, поднесено од АНА ЃОРГИЕВА вработен во Влада на Република Македонија, именуван со одлука за формирање на општинска изборна комисија Пробиштип, број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, објавена во ‘Службен весник на Република Македонија’, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО.
3. Барањето број 08-3003/1/1 од 09.11.2016 година, за изземање од должноста заменик претседател на ОИК Боговиње, поднесено од Соња Змејкоска вработен во Државен завод за индустриска сопственост, именуван со одлука за формирање на општинска изборна комисија Боговиње, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во ‘Службен весник на Република Македонија’, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО… (повеќе)