Државната изборна комисија постапувајќи по примените барања за изземање од должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1} и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), дава
ИЗВЕСТУВАЊЕ
1. Барањето, број 08-2917/2 од 03.11.2016 година, за изземање од должноста член во Општинската изборна комисија Студеничани, поднесено од ДРАГАНА ЧЕРЕПНАЛКОВСКА, вработена во Министерство за животна средина, просторно планирање, именувана со одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на општинска изборна комисија Аеродром, број 08-2788/3 од 03.11.2016 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија”, број 201 од 04 ноември 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО.
2. Барањето број 08-2917/1 од 03.11.2016 година, за изземање од должноста претседател на ОИК Брвеница, поднесено од ИБРАХИМ АЈДАРИ вработен во Општина Брвеница именуван со одлука за формирање на општинска изборна комисија Брвеница, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавена во ‘Службен весник на Република Македонија’, број 84 од 30 април 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО… (повеќе)