ИЗВЕСТУВАЊЕ
во врска со член 78 – a
рекламни паноа и билборди
Општините во Република Македонија, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди, се должни во рок од 5 дена од денот на распишувањето на изборите (најдоцна до 23 октомври 2016 година) јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди (задолжително на сопствените веб страници или гласила или во медиумите -печатени или електронски).
Максималниот број на рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите.
Заради распоредување на локациите за политичко рекламирање по пат на ждрепка која ја спроведува Државната изборна комисија, општините, градот Скопје и правните лица се должни локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди да ги достават до Државната изборна комисија… (повеќе)