Државната изборна комисија постапувајќи по примените приговори за заштита на избирачкото право од подносители на кои по спроведена управна постапка им е поништено живеалиштето, врз основа на члан 149 став 3 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр.40/06,136/08,148/08,155/08, 163/08,44/11, 51/11,54/11,142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), дава

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ
ПО ПОДНЕСЕНИ ПРИГОВОРИ ЗА ЗАШТИТА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО ОД ПОДНОСИТЕЛИ НА КОИ ВО УПРАВНА ПОСТАПКА ИМ Е ПОНИШТЕНО ЖИВЕАЛИШТЕТО

Постапувајќи по приговорите Државната изборна комисија од увидот во заклучениот Избирачки список утврди дека подносителите на приговорите не се запишани во Избирачкиот список во Република Македонија, од причина што Министерството за внатрешни работи по спроведената управна постапка им го поништило живеалиштето.

Врз основа на горенаведената фактичка состојба, Државната изборна комисија согласно член 149 став 3 од Изборниот законик одлучи овие приговори ДА БИДАТ ОДБИЕНИ…(повеќе)

Skip to content