Предмет: ИЗВЕСТУВАЊЕ
 

Почитувани,

Државната изборна комисија на работниот состанок одржан на 15 септември 2017 година, го разгледа вашиот допис, испратен преку електронска пошта, во кој не известувате дека дека Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, листите на кандидати за градоначалник и членови на совет, ги доставиле до ОИК Неготино во 00:05 часот на 15 септември, односно пет минути по истекот на законски пропишаниот рок за поднесување на листи на кандидати.

Државната изборна комисија укажува дека изборите се основата на демократијата а политичкиот плурализам и демократските избори се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Изборите претставуваат поле на политички натпревар меѓу учесниците, каде е од витално значење плурализмот на идеи и компетитивноста, во фер и демократска атмосфера, каде се гарантира правото на граѓаните на тајност на гласањето.

Имејќи го предвид горенаведеното, сметаме дека ОИК Неготино треба да има флексибилност и разбирање за сите кои сакаат да учествуваат во изборите. Сметаме дека доцнењето од 5 минути може да е производ на објективни причини, по што мнозинството од членовите на Државната изборна комисија се на мнение дека Вашата општинска изборна комисија треба да ги прифати листите поднесени од Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ како навремени и да продолжи со постапката за нивно прегледување. Доколку во листите има неправилности, согласно член 67 став 2 од Изборниот законик, ОИК е должна да го извести подносителот да ги отстрани неправилностите во рок од 48 часа a доколку листата е составена согласно Изборниот законик истата да ја потврди со решение.

Pdf 2Известување од ДИК до ОИК Неготино – 15.09.2017.pdf

Skip to content