На 72-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 28 јуни 2020 година, беа разгледани поднесените приговори за предвремено започната изборна кампања од Коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ и истите беа едногласно отфрлени, поради тоа што не ги исполнуваат законските услови од член 69а од Изборниот законик.

Поради важноста да се обезбеди максимална здравствена заштита на сите учесници во изборниот процес, а поврзано со Здравствениот протокол за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубика Северна Македонија, 15 јули 2020 година од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од аспект на  надлежностите на Државната изборна комисија, на седницата беа донесени Задолжителните препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес, во кои се опфатени хронолошки сите изборни дејствија, односно предавањето на изборниот материјал од Државната изборна комисија на општинските изборни комисии, а потоа од општинските изборни комисии до избирачките одбори и обратно, процесот на гласање на лицата кои се заразени со КОВИД -19 или лицата кои се наоѓаат во домашна изолација, гласањето на болните и изнемоштени лица и хронично болните, како и денот на гласање, со што темелно се опфатени сите аспекти за заштита и спречување на ширење на Коронавирусот.

Исто така, Државната изборна комисија ги донесе Одлуката за дополнување на Одлуката бр.05-546/1 од 20 јуни 2020 година, за утврдување на потреба од формирање на помошни тела на Државната изборна комисија за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и Одлуката за изменување на Ревидираниот роковник, бр.10-467/2 од 16 јуни 2020 година, за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година.

На затворена седница Државната изборна комисија го утврди гиош елементот за позадината на гласачкото ливче за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content