На 65-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 19.3.2020 година, се потврдија листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, за Предвремените избори за пратеници, 2020 година, поднесени од Граѓанско демократска унија – ГДУ, ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија, МОРО – Работничка партија, Никогаш Северна – само Македонија, политичка партија Демократи и Левица.
Истовремено, Државната изборна комисија спроведе ждрепка за утврдување на редоследот на единствените листи за кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, на потврдените листи од Државната изборна комисија.
Имајќи предвид дека во Република Северна Македонија поради пандемијата со вирусот КОВИД – 19 е прогласена вонредна состојба и со цел почитување на мерките донесни од Владата на Република Северна Македонија, со заклучок беше определен начинот на спроведување на ждрепката, со што Државната изборна комисија, определи лица од Државната изборна комисија, кои го извршија влечењето на редните броеви во гласачкото ливче на подносителите на листи на кандидати, според азбучниот редослед на името на називот на листата (политичка партија или коалиција).
Согласно извршената ждрепка беше утврден следниот редослед:
- Алијанса на Албанците и Алтернатива – реден број 5.
- ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“ – реден број 14.
- Граѓанско демократска унија – ГДУ – реден број 7.
- Демократска партија на албанците –ДПА – реден број 1.
- Демократска унија за интеграција –ДУИ – реден број 9.
- ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија – реден број 8.
- Коалиција Можеме – реден број 3.
- Левица – реден број 4.
- МОРО – Работничка партија – реден број 12.
- Народна партија на Ромите – реден број 13.
- Никогаш Северна – само Македонија – реден број 11.
- Политичка партија Глас за Македонија – реден број 6.
- Политичка партија Демократи – реден број 2.
- СДУ – Скопје – реден број 10.