На 60-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 28.2.2020 година, беа разгледувани и донесени следните подзаконски акти:

  • Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња, со кое за важечко гласачко ливче се утврдува гласачкото ливче кое е во согласност со член 110 од Изборниот законик и гласачкото ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачкот гласал, додека пак неважечко гласачко ливче е она кое не е пополнето или пак гласачот заокржил повеќе листи на кандидати или кандидат.

  • Упатството за гласање на избирачите кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во Дипломатско – конзуларните претставништва односно конзуларни канцеларии (член 113б од Изборниот законик).

  • Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка (согласно член 78а од Изборниот законик), согласно кое општините во Република Северна Македонија, Градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди се должни во рок од пет дена од распишувањето на изборите јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билбори, кои локации и цени треба да ги достават до Државната изборна комисија со цел спроведување на ждрепката.

  • Упатството за утврдување на личниот идентитет на гласачот (член 108 од Изборниот законик).

  • Упатството за гласање на лица кои се наоѓаат во куќен притвор (член 113 од Изборниот законик), согласно кое граѓаните кои на денот на гласањето се наоѓаат во куќен притвор, доколку сакаат да го остварат своето право на глас потребно е преку овластен полномошник да ја известат општинската изборна комисија која е надлежна за местото каде што гласачот е во куќен притвор, најдоцна три дена пред денот определен за гласање.

  • Упатството за примена на член 112-а од Изборниот законик – за лица со попреченост, со кое за избирачите, лицата со попреченост кои неможат да влезат односно пристапат во гласачкото место согласно Изборниот законик, Избирачкиот одбор е должен да им овозможи на соодветен начин да влезат, односно пристапат во гласачкото место за да го остварат своето право на глас.

  • Упатството за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид, со кое е утврдено гласањето на лицата со оштетен вид, со тоа што Општинската изборна комисија на секој избирачки одбор му предава еден шаблон на кој со помош на Браева азбука се отпечатени податоците од гласачкото ливче.

  • Упатството за гласање на немоќно или болно лице (член 111 ставовите 4, 5, 6 и 7 од Изборниот законик) и Упатството за гласање на немоќно или болно лице (член 111 став 1, 2 и 3 од Изборниот законик) со кои се определува начинот на кој болните и немоќните лица кои сакаат да гласаат ја известуваат Општинската изборна комисија, со соодветна приложена лекарска документација, како и начинот на спроведување на гласањето за овие лица од страна на Избирачкиот одбор.

  • Упатството за набљудување на изборите и изборната постапка, во кое се содржани насоките за начинот на споведувањето на набљудувањето на изборите и изборната постапка.

  • Заклучокот за Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите, бр.07-210/4 од 19.2.2014 година.

  • Упатството за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 2020 година и Одлуката за утврдување на максималниот износ на средствата потребни за изнајмување на простории во приватна сопственост за спроведување на гласањето, за оние избирачки места каде не постојат јавни објекти кои ги задоволуваат законските услови за спроведување на истото.

Истовремено, на седницата беа усвоени и Образецот број 16 ЗРД (за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на избирачите кои се на издржување казна затвор или се во притвор, кои гласаат на избирачкото место бр.5050 и се избрани за членови на избирачки одбори надлежни за спроведување на гласањето во ДКП на Република Северна Македонија, избирачки кои се со статус на внатрешно раселени лица и за избирачи кои се пријавени во установите за вонсемејно згрижување, Образецот број 16гс (за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија од избирачки одбор во ДКП, Образец број 16 (за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија од избирачки одбор), Образецот по член 107 од Изборниот законик – неможност за остварување на гласачкото право, Образец број 18 по член 113 од Изборниот законик (Посебен записник од гласањето по листи на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за избирачите на издржување на казна затвор во притвор во казнено поправна установа) и Образец број 18а по член 111а од Изборниот законик (Посебен записник од гласањето по листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за избирачите кои гласаат во посебната устананова за вонсмеејно згрижување).

Исто така, Државната изборна комисија ги разгледа барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии по што беше направен случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии чии барања за изземање беа прифатени од Државната изборна комисија.

 

Со почит

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

Skip to content