Државната изборна комисија Ве информира дека за „Предвремени парламентарни избори, 15 декември 2016 година“, од вкупно 35.770 членови на 80-те општински изборни комисии и 3480 избирачки одбор, на 738 лица не им е исплатен надоместокот за учество и спроведување на изборите.

За овие лица, општинските изборни комисии имаа внесено во електронскиот систем за исплата, погрешни трансакциски сметки или погрешен ЕМБГ, односно внесени се други погрешни податоци, по што налозите за исплата на нивните надоместоци не можеа да се реализираат од страна на Министерство за финансии.

Со цел исплата на неисплатените надоместоци, Државната изборна комисија бара општинските изборни комисии да стапат во контакт со лицата од избирачките одбори во нивна надлежност кои не добиле надоместок, да обезбедат исправни податоци и истите веднаш да ги достават до Секторот за финансиски прашања на Државната изборна комисија на следниите Е-маил адреси: [email protected], [email protected], најдоцна до 30 август 2017 година.

Во прилог е објавена табела со податоци за неисплатените лица.

Pdf 2ТАБЕЛА НА НЕИСПЛАТЕНИ ЛИЦА ЗА УЧЕСТВО И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА

Skip to content