Јавниот увид во Избирачкиот список започна на 23 февруари 2019 и заврши на 14 март 2019 година. Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведе во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и во 46 дополнителни канцеларии сместени во единиците на локалната самоуправа согласно Одлуката на Државната изборна комисја бр. 08-494/1 од 21.02.2019 година, во временски период од 09,00 до 19,00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници.
Јавниот увид се спроведе на Избирачкиот список со состојба на податоците на граѓаните и тоа:
- Граѓани со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот на гласањето (21 април 2019 година),
- Умрени лица 30 дена пред распишувањето на изборите (9 јануари 2019 година) и
- Другите податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите (8 февруари 2019 година).
Во целост јавниот увид помина без никакви проблеми во редовна постапка согласно насоките и упатствата претходно дадени од страна на Државната изборна комисија.
Согласно податоците кои секојдневно се добиваа од страна на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија за увидот и промените во Избирачкиот список за целокупниот период од 23.02.2019 до 14.03.2019 година (20 работни дена), за спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и на предвремените избори за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар кои ќе се одржат на 21.04.2019 година се доби следната состојба:
ВКУПНО: од 23.02 до 14.03.2019 година.
- Граѓани кои извршиле проверка во избирачкиот список 53972 граѓани.
- Граѓани за кои е донесено решение за запишување во ИС 517 граѓани.
- Граѓани за кои е донесено решение за Бришење од ИС 412 граѓани.
- Граѓани за кои е извршена промена на податоците во ИС 129 граѓани.
- Граѓани со поништено живеалиште кои направиле увид во ИС 1 граѓани.
Составен дел на Извештајот е и табелата: Конечен преглед од јавен увид од 23.02 – 14.03.2019 година