Државната изборна комисија го одбележа Глобалниот ден на изборите 2024 година со потпишување на Меморандум за соработка со Медиумската информативна агенција – МИА.

Целта на овој Меморандум е да се поттикне духот на заемна поддршка и соработка помеѓу Државната изборна комисија и Медиумската информативна агенција, со цел надминување на предизвиците и унапредување на можностите за подобрување на изборниот процес и придонесување кон кредибилитетот и интегритетот на изборите.

ДИК и МИА се согласија дека заеднички ќе работат кон промоција на демократските вредности, подобрување на едукацијата и свеста на гласачите, точна и навремена дисеминација на информации, сеопфатно покривање на изборите, градење капацитети и обука, одржување на медиумската етика и изборен интегритет, како и интеграција на иновации и нова технологија.

Глобалниот ден на изборите веќе 19 години се одбележува секој февруари, како резултат на заложбата која произлегла од Глобалната конференција за избори која се одржала од 15 до 17 септември 2005 година во Будимпешта, Унгарија.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content